Во последно време, баш ги гледам сите нови деца што почнуваат
да возат како ја прават сите истата грешка. Па така поттикнат
од тоа седнав да го напишам овој текст, не со цел да јадам
гомна за нив, туку некако да помогнам правилно да ја насочат
својата sk8 кариера (нормално ако продолжат да возат).
Во
што е проблемот? Проблемот е во тоа што одма сите почнуваат
со slide-ови и grind-ови, а уште немаат сигурно ollie. Чекај
малце, неможе туку така од одма да се иде на шипки и ѕидови.
Сепак има некој ред. Најбитно е првин да имате сигурно ollie,
односно да го направите тој ебан бран. Не е само финтата
да влечете со предната нога, туку и со задната да ја исправите
даската и фактички правите бран. Тоа е нешто најосновно.
Ако не го знаете тоа, џабе пробувате на шипки, зашто НИКАД
нема да го направите (или само привидно), а како второ,
можете само да се испокршите. Зашто јас од одма не сум научил
switch b/s tailslide flip out, него прво правам сигурно
ollie? Затоа што има ебан ред кој треба да се почитува.
Значи прво вежбајте само ollie, 2-3 месеца, пробајте да
качите тротоар, да скокнете од две скали, а slide-ови и
grind-ови сами ќе ви дојдат, не се секирајте. Ако упорно
возите ќе научите. Немојте да сфатите дека јадам гомна за
сите нови деца што возат, него со овој текст сакам да ги
насочам правилно.