Skateboarding in Macedonia
Sk8MKD.com - Skateboarding in Macedonia

skateboarding
English VersionCan't read those crazy Macedonian letters?
skateboarding


Бесплатна е-пошта [email protected]:

Корисничко име:

Лозинка:


Нов Корисник?

Зачлени се!

#Sk8MKD on UNDERNET!

Анкета
Кое ви е омилено место за возење скејт во Скопје?

Кеј под камениот мост.
Спменикот на мајка Тереза.
Влае.
Пошта.
Споменик „Гоце Делчев“.
Г.Т.Ц.
М.Н.Т.
Пред олимписки базен.
Аеродром
Трготекстил
Мавровка
Жена Парк
Време:
Повеќе...

Google
skateboarding
): Статии | Скејт во МК | Места за возење | Скејтери | Екстра | Дискусии | Контактskateboarding
Sk8MKD.com - Skateboarding in MacedoniaДизајн:TeamWDS.comskateboarding

Со гордост направено во Македонија


CETNIKS
>> Статии: Архива | Игри | Видеа | Весници | Писма | Перо-Колумна | Останато 
>>> Останато: Белград 2003 | ПендрекМаг | History of Skateboarding | Vans Showdown 2006 | WHAT THE FUCK???

Белград 2003, Демо + Презентација на првото DC видео

Тргнавме во 4:00 сабајле со автобус. По пат во главно спиевме. Кога стигнавме во Белград врнеше дожд, а Марко не чекаше на автобуска веќе саат ипол пошто он тргна со автобусот од 2:00 саатот. Се слушнавме телефонски со Марко од Белград и се упативме „Код Коња“ плоштадот во центарот во Белград од кај што требаше да не соберат Мики и Дарко (Мики отиде во Белград претходниот ден). Заедно со нив се упативме кон скејтшопот Кобазз каде ги оставивме ранците додека да најдеме место за сместување. Додека чекавме да видиме што ќе биде со сместувањето отидовме да се возиме на Сан Франциско (така го викаа местото локалните скејтери затоа што подлогата за возење е од плочки како во Сан Франциско). Таму паднаа неколку трикови. Стефан фрли два-три kick flip-а, фичо bs и fs noseslide-ови и сл. Од таму се вративме во Кобазз. Бидејќи ништо не испадна со сместувањето кај тамошните скејтери се сместивме во хотел во центарот блиску до скејтшопот. По сместувањето некои останаа во хотелот да одморат, а другите отидовме на VMA скејт место каде што се снимаа словенците. Од постарите беа Игор Крагељ и Деан Гостимирович но тој ден не возеа, а наместо нив возеа помладите кои пробуваа 360 kickflip и nollie трикови од 8 скали но не им успеваа. Паја (моментално најдобриот скејтер во Белград) кој исто така беше тука среди еден добар гап преку скалите со ollie grab. Од VMA се упативме кон Хајат - едно од најдобрите места за возење во Белград. Тука веќе беше Лудо и возеше со полна кондиција. Хајат нуди широк простор на неколку нивоа, со ѕидови за wallride трикови, скали, ledge-ови, bank-ови за одразување и сл. Од Хајат, заедно со другите скејтери кои ги затекнавме тука, се упативме „код Коња“ на плоштадот каде што за возење освен една шипка немаше ништо друго, но само тоа место беше осветлено навечер. Тука се придружија и останатите кои претходно останаа да се одморат во хотелот. Поседевме тука до 23:00-24:00 часот и потоа дел се упатија на хип-хоп журка на платформа на реката Дунав, а дел во хотел на спиење.
Утре дента станавме околу 11:00-12:00 часот и отидовме да се прошетаме низ центарот на Белград. Посетивме уште некој скејтшоп и други продавници и околу 18:00 саатот се упативме назад кон хотелот да ги земеме даските. Отидовме да возиме на INEX - одлично место со grind box, скали, ledge-ovi, итн. Тука се возеа повеќе скејтери. Мики сними неколку добри линии, а исто така и Фичо, МаркоИ итн., кои ќе ги видите во С.К.И.Р.О.Л. 2. Од INEX околу 21:00-22:00 саатот со возење низ улиците на Белград се вративме во хотелот и од таму право во BUS, кафиќот каде се одржа презентацијата. Проекциите се пуштија на ѕид под отворено небо. Имаше голем број скејтери. Прво идеше словенското „Damage“ видео, а потоа „The DC Video“. На сите подобри трикови се слушаа извици од публиката, викање и свирење особено на делот на Danny Way. По пријатната дружба од неколку саати се упативме назад кон хотелот и веќе стана 5:00 часот наутро. Заспавме ко заклани по напорниот ден. Утре дента станавме во 11:00 се одјавивме од хотелот, се врткавме во Кобазз и во 16:00 тргнавме назад за Скопје.
Ова беше прв организиран скејт сешн во Белград, каде запознавме многу скејтери, се дружевме и останува почесто да го посетуваме Белград кој нуди одлични и многубројни места за возење.

 

 


Статистика:

 

skateboarding

copyright © Sk8MKD.com 1999-2008
a division of XMKD.com