Skateboarding in Macedonia
Sk8MKD.com - Skateboarding in Macedonia

skateboarding
English VersionCan't read those crazy Macedonian letters?
skateboarding


Бесплатна е-пошта [email protected]:

Корисничко име:

Лозинка:


Нов Корисник?

Зачлени се!

#Sk8MKD on UNDERNET!

Анкета
Кое ви е омилено место за возење скејт во Скопје?

Кеј под камениот мост.
Спменикот на мајка Тереза.
Влае.
Пошта.
Споменик „Гоце Делчев“.
Г.Т.Ц.
М.Н.Т.
Пред олимписки базен.
Аеродром
Трготекстил
Мавровка
Жена Парк
Време:
Повеќе...

Google
skateboarding
): Статии | Скејт во МК | Места за возење | Скејтери | Екстра | Дискусии | Контактskateboarding
Sk8MKD.com - Skateboarding in MacedoniaДизајн:TeamWDS.comskateboarding

Со гордост направено во Македонија


CETNIKS
>> Статии: Архива | Игри | Видеа | Весници | Писма | Перо-Колумна | Останато 
>>> Останато: Белград 2003 | ПендрекМаг | History of Skateboarding | Vans Showdown 2006 | WHAT THE FUCK???

History of skateboarding

Скејтбордингот првпат се појави во раните 50ти години од минатиот век, кога сурферите низ цела Калифорнија им текна да пробаат да сурфаат на улиците. Никој не знае точно кој ја направил првата даска, во спротивно, изгледа дека неколку луѓе излегле со слични идеи истовремено. Започнале со дрвени кутии или даски со тркалца од ролшули прицврстени одоздола. Тоа беше спорт кој штотуку беше откриен. Кутиите се претворија во плочи, и по некое време се појавија компании кои почнаа да произведуваат даски од пресирани слоеви од дрво... слични како денешните даски. Во ова време, скејтбордингот беше гледан како нешто што се прави за забава, но после сурфањето:) Во 1963, скејтбордингот беше на врвот на популарноста, и компании како Jack's, Hobie и Makaha почнаа да одржуваат скејтборд контести. Ова време, скејтбордингот највеке се одликуваше како downhill или freestyle. Torger Johnson, Woody Woodward и Danny Berer беа доста познати скејтери во тоа време, но тие изгледаа многу по различно од тоа како изгледаат скејтерите денес! Нивниот стил на скејтање freestyle, повеќе наликува на играње балет или лизгање по мраз со скејтборд:) После, во 1965, популарноста на скејтбордингот одеднаш спласна. Повеќето луѓе мислеа дека скејтбордингот беше само "мода" која што изумрела. Скејтборд компаниите пропаднаа, а луѓето кои сакаа да скејтаат мораа повторно сами да си прават даски. Но луѓето сеуште скејтаа, без разлика на тоа што деловите тешко се наоѓаа и даските беа home made. Исто така се користеа и тркалца од глина, кои беа екстремно опасни и тешки за контрола. Но во 1972, Frank Maceworthy ги измисли тркалцата од уретан, кои се слични на тие што се возат денеска. Неговата компанија се викаше Cadillac Wheels. Овој пронајдок пробуди интерес кај другите млади луѓе да почнат да возат скејтборд. Пролетта 1975, скејтбордингот направи еден огромен еволуционен чекор до спортот кој што го гледаме денес. Во Del Mar, California имаше freestyle контест. Тој ден, Zephyr тимот му покажа на светот каков може скејтбордингот да биде. Тие ги возеа своите даски како што никој ги нема возено до сега пред јавноста, ниско и сигурно, и скејтбордингот премина од хоби, во сериозен спорт... Но тоа беше само првиот голем чекор во еволуцијата на скејтбордингот. Во 1978, скејтер наречен Alan "ollie" Gelfand измисли маневар со кој го однесе скејтбордингот еден голем револуционерен чекор понапред. Тој ќе удреше со задната нога на tail-от од даската и ќе скокнеше и со себе ја влечеше даската во воздухот. Тогаш се роди Ollie-то, трик кој комплетно го револуционираше скејтбордингот. Повеќето трикови денес се базирани на правење ollie. Трикот сеуште го носи неговото име. До сега најпознатото име во скејтбордингот, Tony Hawk е одговорен за тоа како скејтбордингот изгледа денес. Кога имал 14 години станал професионален скејтер, а на 16 годишна возраст станал најдобриот скејтер во светот!! Hawk учествувал во околу 103 про натпревари - победил во 73, а се пласирал втор во 19! Ова е најдобриот рекорд во скејтбордингот до сега. Самите скејтборди имаат интересна историја. Од дрвени кутии или шперплочи, до масовно произведувани даски со оформени рабови, nose и tail. Даските се така направени, така што скејтерите ќе можат да возат switch. Тркалцата од метални и глинени прераснаа во тркалца направени од уретан, така што тие се поевтини и полесни. Скејтбордингот уште не престанал да се развива, а скејтерите измислуваат нови трикови цело време. Даските исто така се развиваат, компаниите пробуваат да ги направат полесни и по издржливи, или пробуваат да ги подобрат нивните перформанси. Скејтбордингот отсекогаш бил лично истражување и туркање себе си кон лимитот на своите можности. Па каде оди скејтбордингот од тука? Таму каде што ќе го однесат скејтерите....

_____________________________________

 


Статистика:

 

skateboarding

copyright © Sk8MKD.com 1999-2008
a division of XMKD.com