Skateboarding in Macedonia
Sk8MKD.com - Skateboarding in Macedonia

skateboarding
English VersionCan't read those crazy Macedonian letters?
skateboarding


Бесплатна е-пошта [email protected]:

Корисничко име:

Лозинка:


Нов Корисник?

Зачлени се!

#Sk8MKD on UNDERNET!

Анкета
Кое ви е омилено место за возење скејт во Скопје?

Кеј под камениот мост.
Спменикот на мајка Тереза.
Влае.
Пошта.
Споменик „Гоце Делчев“.
Г.Т.Ц.
М.Н.Т.
Пред олимписки базен.
Аеродром
Трготекстил
Мавровка
Жена Парк
Време:
Повеќе...

Google
skateboarding
): Статии | Скејт во МК | Места за возење | Скејтери | Екстра | Дискусии | Контактskateboarding
Sk8MKD.com - Skateboarding in MacedoniaДизајн:TeamWDS.comskateboarding

Со гордост направено во Македонија


CETNIKS
>> Места за возење: Скопје | Велес | Кочани | Прилеп | Битола
>>> Скопје: Скејтпарк | Споменик „Гоце Делчев“ | Споменик „Мајка Тереза“ | Пред Олимписки базен | МНТ | Кеј (Под камениот мост) | ГТЦ | ТЦ Скопјанка | ТЦ Бисер | Пошта | Стоилко | Трготекстил | Жена Парк | Порта Влае | Алумина | Стара Железничка | Скејтпарк Карпош | Скејтпарк Железничка

СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ ПАРК ЗА УРБАНИ СПОРТОВИ

Запуштениот простор под Железничката станица, во близина на Транспортниот центар, на делот помеѓу Пошта 1 и кејот на реката Вардар, ќе се претвори во модерен Парк за урбани спортови, кој му недостасуваше на градот Скопје и на скопјани.

Со овој проект, не само што ќе се артикулира и оплемени овој простор, кој досега претставуваше дива депонија, туку планираните богати содржини ќе го задоволат вкусот на младите, како и на вљубениците во урбаните спортови.

Во поглед на барањата, содржините, локацијата и изгледот на Паркот за урбани спортови од самиот почеток на идеата беа консултирани и вклучени клубови и организации кои се занимаваат со спорт, рекреација и со екстремни спортови.

На самиот терен веќе се работи и досега се завршени земјените работи, а теренот е расчистен и од шутот, кој со години бил таложен ( АДГ Пелагонија).
Завршено е и прифаќањето на атмосферските води од горната платформа и нивното канализирање ( кои инаку се слеваа на теренот) ( АДГ Бетон).
Во моментов се работи на пристапната улица и на паркингот.
Следува изградба на целосната подземна инфраструктура (атмосферска и фекална канализација, водоводна мрежа, електрично осветлување и телефонски водови).

Со проектот се предвидува простор за „Paintball “, а за потребите на идните корисници ќе се направат одвоени машки и женски гардероби со тушеви и санитарии, простор за чување на реквизитите, како и спортски кафе бар со летна тераса.

Скејт парк со приближно кавадратна асфалтирана површина, со максимално мазна површина, како и бетонски базен со слободна форма, променлива длабочина и наклон на страните.
Во продолжение на Скејт паркот предвидено е поставување на вештачка карпа, како и монтажни и преносливи трибини за публиката.

Околу овие три елементи ќе има кружна патека за ролери од мазен асфалт.
И во овој дел ќе има гардероби и санитарии, како и спорт кафе со летна тераса. Овој објект ќе биде покриен со рамна плоча – проодна тераса, од каде што, пак, започнува Адреналин паркот – систем составен од дрвени греди и сајли по кои играчите ќе се движат и кој го зафаќа просторот над Скејт паркот.

Во втората третина на паркот ќе бидат сместени игралиштето за баскет, игралиште за одбојка, за ракомет и за street hokey.

Третата третина од просторот функционално е предвидена како детско катче, односно простор опремен со реквизити за деца и игралиште за мал фудбал.
Извор: http://www.skopje.gov.mk/

 

skateboarding

copyright © Sk8MKD.com 1999-2008
a division of XMKD.com