Значи
беше договорено да се чекаме во 13ч на почетокот на
Порта Влае (кај гелендерот). Бевме собрани цел Vlae
Sk8 Crew. Први дојдоа Риат, Сефи, Игор, Диме и други...
Поседевме тука малце и ги почекавме да дојдат Хакер,
Бушав, Ана, Шуки, Пеџа, Диви, Перо, Иле... Почнавме
да возиме околу 13:30 (додека го наместивме банерот
и сл.) Инлајн-ерите возеа претежно на гелендарот,
а Риат се здиве на големиот гап што е одма до гелендарот.
Тука Диви стаи еден добар misty flip по што сите му
аплаудираа. После тоа возевме низ цела Порта. Рипавме
скали, кршевме ѕитчиња, паѓавме, се кршевме и шо уше
не. Во глобала целата сесија испадна супер, снимивме
многу добри клипови и слики, делевме налепници:).
На крај возевме кај бензиската станица. Престанавме
да возиме околу 16ч и сите си отидоа по дома. Толку
од мене. Пишете на четот што мислите за сесијата.
Поздрав. Јоци ( Vlae Sk8 Crew) |